Бројот на болни од Ковид-19 во Англија во февруари паднал за две третини

Од:

Вкупниот број на болни од Ковид-19 во Англија опаѓа од јануари, но во некои области има забележително зголемување на бројот на заразени, соопштија денеска истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Истражувачите рекоа дека нивото на активни случаи во февруари е 0,49 проценти од целото население, што е за две третини помалку отколку во јануари, кога беа евидентирани 1,57 проценти.

Сепак, тие додаваат дека прелиминарните резултати од февруари покажуваат дека бројот на пациенти е зголемен во Лондон, во југоисточниот дел, како и на исток и Вест Мидлендс.

– Бројот на случаи во Англија продолжува да опаѓа, иако падот е забавен, рече Стивен Рајли, професор по динамика на заразни болести на Кралскиот колеџ во Лондон, додавајќи дека падот мора да биде поголем за вакцинацијата да биде поуспешна.

Би можело да ве интересира

Британија ќе овозможи трета доза вакцина против Ковид-19 за повозрасните од 50 години

Катерина Павлова-Николовска

Половина од британската популација ја примила првата доза од вакцината

Катерина Павлова-Николовска

ВИДЕО: Илјадници протестираа во Лондон против рестрикциите, вакцините и ковид-пасошите

Во Британија 60 отсто помалку заразени по вакцинацијата

Катерина Павлова-Николовска

Во Британија се разгледува можноста за ограничување на употребата на вакцината на „Астра зенека“ кај помлади луѓе

Во Англија бесплатни тестови за Ковид-19 двапати неделно

Катерина Павлова-Николовска