Брод се насука на фински остров, патниците не се загрозени

Од:

Патнички брод со повеќе од 400 лица се насука денеска на финските острови Аланд во Балтичкото Море, а патниците не се животно загрозени.

Финската крајбрежна стража информира дека бродот е насукан странично, но дека животот на луѓето не е во непосредна опасност, јави Би Би Си.

Бродот „Викинг Грејс“ се насука во близина на пристаништето Мариехамн, во сопственост на компанијата Викинг Лајн и се движеше кон главниот град на Шведска – Стокхолм од Турку, Финска. Засега не е позната причината за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Финска: Затворањето на границите помогна да се избегнат тензиите со Русија

Девојче од Косово е рането во инцидентот во основно училиште во градот Ванта кај Хелсинки

Горан Наумовски

ВИДЕО: Почина едно од децата рането во пукањето во Финска

Катерина Ѓуровски

Пукање во училиште во Финска, ранети повеќе деца

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

Стоп за возилата со руски таблички во Финска