Брод со повеќе од 100 бегалци-Рохинџи пронајден во Индискиот Океан, над 20 мртви

Од:

Најмалку 20 луѓе починале од глад или жед на брод што две недели плуташе во водите на Индискиот Океан со повеќе од 100 етнички бегалци Рохинџи, објавија денеска две групи активисти од Мјанмар.

– Проценуваме дека дури 20 луѓе загинале, некои од глад и жед, а други откако скокнале во морето од очај. Ова е апсолутно ужасно и срамно, рече Крис Лева, директор на проектот Аракан, кој работи на поддршка на Рохинџите во Мјанмар.

Индиската морнарица и крајбрежната стража не одговориле веднаш на барањата за коментар.

Секоја година, многу членови на етничката група Рохинџи ги ризикуваат своите животи качувајќи се на дотраени, стари чамци во обид да стигнат до Малезија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Италијанската влада го обвини „Вагнер“ дека стои зад бранот мигранти во Средоземното Море

(ВИДЕО) Трагедија во Италија: 58 мигранти меѓу кои и деца загинаа во бродолом

Катерина Павлова-Николовска

Цела автобуска компанија се занимава со криумчарење мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Тела на 18 мигранти пронајдени во Бугарија во напуштен камион

Се поголеми обвинувања за Бугарија поради насилно враќање мигранти од граница

Јохансон: Преполовен е бројот на мигранти на балканската рута

Ана Ололовска