Брод со 750 тони дизел потона во близина на Тунис

Од:

Товарен брод со 750 тони дизел на пат од Египет кон Малта потона денеска кај југоисточниот брег на Тунис, но засега нема истекување гориво, изјави портпаролот на локалниот суд Мохамед Кари.

„Бродот потона утрово во територијалните води на Тунис. Засега нема истекување гориво“, рече Кари.

Тој додаде дека „сега ќе се состане комисија за спречување катастрофи и ќе одлучи какви мерки да преземе“.

Министерството за животна средина соопшти дека бродот во петокот побарал влез во територијалните води на Тунис поради лошите временски услови.

Бродот, изграден во 1977 година со знаме на Екваторијална Гвинеја, исплови од египетското пристаниште Дамиета за Малта. На околу седум километри од заливот Габеш, водата почнала да навлегува во бродот и машинската соба набрзо била поплавена бидејќи нивото на водата достигнало два метра.

Туниските власти евакуираа седум членови на екипажот, грузијскиот капетан на бродот, четворица турски морнари и двајца од Азербејџан.

Екипажот накратко бил хоспитализиран, а потоа сместен во хотел.

Министерството за животна средина предупреди дека постои ризик од истекување на гориво во морето и дека министерствата за одбран а, внатрешни работи, транспорт и царина работат на спречување на можна „поморска, еколошка катастрофа во областа“.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Четворица осудени на смрт, двајца на доживотен затвор за убиство на политичар во Тунис

Браун: Повикот за помош спаси многу човечки животи во Балтимор

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов