Британското кралско семејство: Почина принцот Филип

Од:

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, принцот Филип, почина денеска на 99-годишна возраст. Ова го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

По информацијата дека починал принцот Филип се огласи и кралицата Елизабета Втора која е многу вознемирана поради тажната вест.

На 16 март тој бил отпуштен од болницата по неговиот подолг престој таму.

Војводата од Единбург минатиот месец беше подложена на операција на срцето. Тој требаше да наполни 100 години во јуни.

Принцот Филип се лекуваше од инфекција и беше опериран од срце. Тој беше примен во болницата „Крал Едвард Седми“на 16 февруари откако не се чувствуваше добро. На почетокот на март, тој беше накратко пренесен во специјализиран оддел за кардиологија во друга лондонска болница за постапка поврзана со веќе постоечко срцево заболување.

Роден е на 10 јуни 1921 година и беше син на принцот Андреј Грчки и Дански (четврти син на грчкиот крал Георги Први и кралицата Олга) и на принцезата Алиса Батенберг. Детството го поминал главно во Англија, учел во училиштето Гордостоун во близина на Елгин, Шкотска, а потоа дипломирал на Кралскиот поморски колеџ Дартмут, Девон.

Активно учествувал во Втората светска војна од јануари 1940 година до крајот на неговата служба во британската воена морнарица.

Во февруари 1947 година, Филип станал британски државјанин, откажувајќи се од своето право да го наследи грчкиот и данскиот трон и го презема презимето на неговата мајка, Маунтбатен.

Истата година стапил во брак со принцезата Елизабета, идната кралица на Обединетото Кралство. По венчавката тој ја добива титулата војвода од Единбург, а од 1957 година неговата титула е „Неговото кралско височество Принц Филип, Војвода од Единбург“.

Во 1948 година се раѓа нивното прво дете – престолонаследникот принцот Чарлс. Другите деца од неговиот брак со Елизабета Втора, се принцезата Ана, родена во 1950 година, принцот Ендру, роден 10 години подоцна и принцот Едвард, роден во 1964 година.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он