Британско разузнавање: Украинците заробиле руски пилот платеник откако бил соборен авионот

Од:

Украинските сили објавија дека го заробиле пилотот на рускиот воен авион кој беше соборен овој месец, објави утринава британското Министерство за одбрана во дневниот извештај на своето разузнавање.

Според разузнавачките податоци, пилотот признал дека бил поранешен мајор на руските воздухопловни сили, кој по напуштањето на војската се вработил во приватната воена компанија Вагнер и летал во неколку мисии над Украина.

Британското разузнавање во својот извештај наведува дека употребата на пензиониран воен персонал, кој сега работи за Вагнер, „сугерира дека руските воздухопловни сили се борат да најдат доволно воздушни екипажи за да обезбедат воздушна поддршка“.

Министерството за одбрана на ОК, исто така, тврди дека пилотот користел комерцијално опремен ГПС наместо стандардна руска навигациска опрема.

„Ова веројатно значи дека авионите на Вагнер се постари модели на авиони Су-25, односно дека руските воздухопловни сили не дозволуваат Вагнер да лета со нова опрема“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ