Британско разузнавање: Русите веројатно го сменија клучниот командант

Од:

Британското Министерство за одбрана во својот дневен извештај за ситуацијата во Украина соопшти дека руските власти можеби го смениле генерал-полковник Михаил Теплински, клучниот командант на оперативните сили во Украина. Теплински го предводеше релативно успешното руско повлекување од западниот брег на Днепар во ноември 2022 година и беше пофален од многумина во Русија како способен командант.

Според Министерството останува нејасно дали Теплински ја задржал својата дополнителна функција како шеф на ВДВ, руските воздухопловни сили. Можно е да е разрешен поради улогата што ВДВ ја играше на првата линија. Имено, ВДВ честопати беше испраќан на линијата на фронтот и ја преземаше функцијата што традиционално ја имаше механизираната пешадија.

смената на Теплински веројатно е уште еден знак за поделби меѓу водачите на руската операција во Украина, бидејќи новоименуваниот началник на Генералштабот на руската војска, Валери Герасимов, се обидува да го потврди својот авторитет.

Би можело да ве интересира

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците објавија снимка: Вака изгледа град кој го напаѓаат Русите

САД одделно ќе гласа за помош на Украина и Израел, републиканците на Трамп се закануваат

Русите ги распоредуваат моќните ракети „Кх-69“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Американски снајперист во Украина: Мора да го запреме Путин

ВИДЕО: Русија жестоко нападна неколку украински градови, најтешко погоден Харков

Катерина Ѓуровски