Британско МО: Русија не успева да го контролира украинското небо

Од:

Британското Министерство за одбрана во тврди дека руските сили се уште не успеале да стекнат превласт над украинскиот воздушен простор, пренесува Си-Ен-Ен.

„Украинските воздухопловни сили и силите за воздушна одбрана продолжуваат ефикасно да го бранат украинскиот воздушен простор“, соопшти Министерството.

Тие наведоа дека Русија не успеала да добие контрола и дека е зависна од оружјето „користено од безбедноста на рускиот воздушен простор за напади врз цели во Украина“.

„Стекнувањето контрола врз воздушниот простор беше една од главните цели на Русија во првите денови од конфликтот, а нивниот континуиран неуспех значително го намали нивниот оперативен напредок“, соопшти Министерството.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски воен репортер убиен во украинскиот напад со дронови

(ВИДЕО) Украински напад на осум области во Русија: двајца мртви, оштетени трафостаници и рафинерија

Орбан: Запад на чекор до испраќање војска во Украина

Почина еден од пилотите на рускиот воен авион кој се урна во Ставропол

Горан Наумовски

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Катерина Ѓуровски

Русија: Водостојот на реката Тобол достигна „опасно ниво“