Британските здравствени власти признаа дека им фалат тестови за коронавирус

Од:

Британскиот министер за здравство, Мет Хенкок, денеска призна дека во земјата постојат предизвици поврзани со тестовите за коронавирус, по наглото зголемување на побарувачката.

Зборувајќи во Долниот дом на парламентот, Ханкок кажа дека владата напорно работи да го реши проблемот поврзан со достапноста на тестирањата за Ковид-19, но призна дека тоа може да потрае и неколку недели, соопшти Скај Њуз.

Министерот истакна дека тестирањата сега мора да се извршуваат според системот на приоритети и, исто така, навести можно идно рационализирање на тестовите.

-Целиот Долен дом на парламентот знае дека постојат оперативни предизвици и дека работиме напорно на нивно решавање, рече британскиот министер за здравство. Тој додаде дека има видливо зголемување на бројот на луѓе кои сакаат да бидат тестирани, вклучувајќи ги и оние кои не ги исполнуваат условите.

Изјавата на Ханкок доаѓа во време кога Националната здравствена служба соопшти дека уште 14 лица умреле, така што вкупниот број на смртни случаи во земјата сега изнесува 29.676.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он