Британските власти го намалуваат финансирањето на Би-Би-Си

Од:

Според весникот „Мејл“, британската влада има намера да го намали финансирањето на Би-Би-Си, односно ќе нареди двегодишно замрзнување на таксата што гледачите ја плаќаат за гледање емисии. Владата на премиерот Борис Џонсон неодамна ја спомена потребата од реформирање на финансирањето на овој медиум.

Замрзнувањето на цената на претплатата на сегашните 159 фунти ќе им даде одредено олеснување на потрошувачите поради инфлацијата, која се очекува да достигне највисоко ниво во последните 30 години во април. Но, тоа би било и голем удар за финансиската структура на Би-Би-Си, која на пазарот се натпреварува со приватни компании како Нетфликс.

Опозицијата, односно Лабуристичката партија рече дека тоа е политички потег.

„Се чини дека премиерот и министерката за култура намерно сакаат да и го отежнат животот на оваа голема британска институција бидејќи не им се допаѓа начинот на кој известува“, изјави пратеничката Луси Пауел, цитирана од Си-Ен-Ен.

Британските политички партии редовно ги критикуваат вестите на Би-Би-Си. Поддржувачите на Брегзит сметаа дека Би-Би-Си е премногу критичен за ова прашање. Минатата недела, конзервативен пратеник рече дека покривањето на Би-би-си за забавите на Џонсон на Даунинг стрит за време на заклучувањето било „обид за државен удар“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он