Британските производители на автомобили со предупредување поради Брегзит

Од:

Британските производители на автомобили денеска упатија предупредување за последиците од Брегзит врз нивната индустрија, наведувајќи дека две третини од британското производство на автомобили се изложени на ризик ако Велика Британија ја напушти ЕУ без договор за идна трговија меѓу двете страни.

Здружението на производители на моторни возила соопшти дека оваа индустриска гранка издала „црвен аларм“, бидејќи заканата од напуштање на Унијата без договор се зголемува.

Во соопштението се посочува дека инвестициите во оваа индустриска гранка се намалија за 46 отсто минатата година. Производството на нови возила забележа пад за 9,1 отсто, на 1,52 милиони возила во 2018 година поради зголемената загриженост за Брегзит.

Мајк Хевс, шеф на Здружението, изјави дека „тоа не е ништо во споредба со трајните последици предизвикани од прекинувањето на цврстите трговски врски преку ноќ, не само со ЕУ, туку и со бројни други глобални пазари со кои моментално слободно се тргува“.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници