Британските парламентарци по вторпат отфрлија барање на Џонсон за предвремени избори

Од:

Нов пораз му нанесоа британските парламентарци на премиерот Борис Џонсон откако отфрлија барање за превремени избори на 15 октомври. Со само 293 гласови „за“ далеку од неопходните две третини во Парламентот со 650 места, пратениците отфрлија синоќа по вторпат за изминатите пет денови предлог на Џонсон.

Пред гласањето шефот на Владата рече дека нема да бара ново одлагање на брегзит предвиден за 31 октомври и покрај тоа што вчера во сила влезе закон кој го предивидува тоа. Со тој текст премиерот треба да побара од ЕУ одлагање ако не се постигне договор за напуштање на 19 октомври.

Вчерашната седница во Долниот дом беше последна пред прекинот на работата на Парламентот за пет недели по одлуката на Џонсон. Таа ќе остане запаметена и со ненадејната одлука на претседателот на Долниот дом, Џон Баркоу кој поднесе оставка по 10 години на функција.

Би можело да ве интересира

Откриени два случаи на варијанта Омикрон во Британија

Ана Ололовска

Медицинските уреди подобро функционираат кај белци предупредува британскиот министер за здравство

Катерина Павлова-Николовска

Успешен пробен лет со целосно синтетичко гориво

Ана Ололовска

Големопродажните цени на гас во Велика Британија и во Европската унија се зголемија за 17 отсто

Ана Ололовска

Атентатот во Ливерпул бил подготвуван најмалку седум месеци

А1он

Лондон: Русија и Кина се голема закана за кибер-безбедноста на Велика Британија

Ана Ололовска