Британските лабуристи ќе побараат гласање за недоверба на Владата на Џонсон

Од:

Најголемата британска опозициска Лабуристичка партија најави дека денеска ќе поднесе барање за гласање на недоверба на Владата на премиерот Борис Џонсон, што се очекува да се одржи утре, изјави партиски извор.

Предлогот за недоверба значи дека сите пратеници во Парламентот можат да гласаат дали Владата на Џонсон ќе продолжи до работа. Ако на Владата и се изгласа недоверба, тоа ќе доведе до предвремени парламентарни избори.

Но, малку веројатно е дека ќе и се изгласа недоверба на Владата на Џонсон, бидејќи не се очекува пратениците од Конзервативната партија да поддржи предлог, што би довел до предвремени избори.

Џонсон минатата недела најави дека ќе се повлече откако минатата недела повеќе од 50 високи владини функционери поднесоа оставки во знак на протест против неговото раководство, но ќе остане на лидерското место во Конезервативна партија сè додека не се избере негова замена на почетокот на септември.

Лабуристите соопштија дека ќе предложат гласање доколку Конзервативната партија порано не преземе акција за смена на Џонсон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници