Британскиот вицепремиер против воена интервенција на Западот во Ирак

Од:

Британскиот заменик-премиер Ник Клег денеска изјави дека „не верува оти западните сили би се вратиле во Ирак“, поради сегашната воена криза во оваа земја.

– Ситуацијата во Ирак е многу опасна и тоа покажува колку е деструктивен ударот од долгата граѓанска војна во Сирија, изјави Клег за лондонското радио Ел-Би-Си.

Но, тој е категорично против нова воена интеревција и смета дека единствено нешто што треба да се направи,тоа е да им се дава опрема на Ирачаните и да им се пружа обука на нивните безбедносни сили,во пресметката со исламистите.

– Не мислам дека една сторена грешка, треба уште еднаш да се повтори, правејќи друга, изјави Клег, мислејќи притоа на воената интервенција на САД и Велика Британија во март 2003 година.

Заменик-премиерот Клег, сепак, вели дека станува збор само за негово мислење, а не за официјален став на британската Влада.

Неговата изјава доаѓа по силниот напредок на исламистичката група Исламска држава на Ирак и Левантот, која е поврзана со Ал Каеда и која од понеделникот, па досега освои голема територија во централен Ирак, освојувајќи ги прво Рамади и Фалуџа, а потоа и вториот по големина ирачки град, Мосул и Тикрит, родното место на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин.

Оваа милитантна исламстичка група има меѓу три и пет илјади борци и таа е израсната од редовите на Ал Каеда во Ирак. Тие ја користат нетрпеливоста меѓу сунитите и шиитите, како и блокадата во владата во Багдад на премиерот шиит Нури Малики, кого сунитската малцинска заедница во Ирак, го обвинува дека ја „монополизирал власта“ во земјата.

Спротивставувањето на Ник Клег на воена интервенција во Ирак, доаѓа по соопштението од Вашингтон дека САД ја испитуваат можноста за „натамошна помош“ на властите во Багдад во нивната пресметка со исламистите, кои сега контролираат гоелм дел од источна Сирија и од источен и централен Ирак.

Медиумите во Лондон претходно открија дека ирачкиот премиер Малики побарал од САД американските воздухопловни сили да ги нападнат позициите на исламистите.

Би можело да ве интересира

Први видеа од иранскиот напад на Израел – небото над Блискиот исток празно

Анита Петровска Рајковиќ

Ирачкиот премиер прогласи тридневна жалост за жртвите од американските воздушни напади

(ВИДЕО) САД извршија одмазднички напади во Ирак и Сирија

Нападната американска база во Ирак, има и повредени

А1он

(ВИДЕО) Иран ги нападна Ирак и Сирија: Го уништивме шпионскиот штаб на ционистичкиот Мосад

Пет турски војници загинаа во напад на воена база

Горан Наумовски