Британскиот „Телеграф“: Повици до Меркел да разговара со Путин

Од:

Сè повеќе има повици до поранешната германска канцеларка Ангела Меркел да се врати од пензија и да разговара со рускиот претседател Владимир Путин за ставање крај на конфликтот во Украина, пишува британскиот дневен весник „Телеграф“.

Лидерот на руската истражувачка организација „Руски совет за меѓународни работи“, Андреј Кортунов е последниот во низата кој предложи Меркел да биде посредник во кризата.

„Мислам дека тоа треба да биде глас однадвор, личност која претседателот Путин ја почитува, на која има доверба и која може да изрази одредена емпатија и во исто време да побара промена на пристапот. Лично мислам дека може да биде Меркел бидејќи го знае украинскиот проблем, го потпиша Минскиот договор и е подеднакво почитувана и во двете земји и во Европа“, нагласи Кортунов.

Сличен став претходно искажа и поранешниот италијански премиер Матео Ренци, кој смета дека Меркел е единствената што може да зборува и дека нејзиниот глас подеднакво се слуша во Москва, Вашингтон и другите главни градови.

Меркел се уште не ги коментирала овие предлози.

Денеска е осми ден од руската инвазија на Украина. Денеска се очекува да се одржи нова рунда преговори меѓу Русија и Украина. Генералното собрание на ОН донесе резолуција со која се осудува руската агресија врз Украина. Херсон падна во рацете на руската армија, со што стана првиот голем украински град кој се најде под руска контрола по минатонеделната инвазија.

Би можело да ве интересира

Џонсон: Путин ќе продолжи да маршира низ Европа, Балканот може да биде следен

Горан Наумовски

На Путин му беше врачен претседателски сертификат: ЦИК ја потврди неговата победа на изборите

Путин: Никогаш не се откажавме од мирното решавање на споровите со Украина

Путин нареди мобилизација на 150.000 војници

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Путин: Бескрајната река на таленти го прави народот на Русија непобедлив