Британскиот премиер постигнатиот меѓународен договор за климата го оцени како голем чекор напред

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон синоќа изјави дека договорот за климатските промени постигнат на меѓународната конференција за климата во Глазгов е „голем чекор напред“, но додаде дека има „уште многу да се направи“.

– Има уште многу да се направи во годините што доаѓаат. Но, денешниот договор е голем чекор напред и она што е важно е дека го имаме првиот меѓународен договор некогаш постигнат за намалување на употребата на јаглен и имаме план да го ограничиме затоплувањето на климата на 1,5 степени Целзиусови во однос на прединдустриската ера, изјави Џонсон.

Претставниците на речиси 200 земји на климатската конференција КОП26 во Глазгов синоќа усвоија договор за забрзување на борбата против глобалното затоплување. Договорот наречен „Глазговски пакт за климата“ беше усвоен по две недели напорни преговори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Климите од Арсовска ги нема: Граѓаните на плус 40 се возат со отворени врати

Орце Костов

Еуметсат лансира нов европски метеоролошки сателит

Ана Ололовска

Тимерманс: Без одлука наместо лоша одлука на КОП27

Ана Ололовска

Светските музеи изразија загриженост по нападите на климатските активисти

Ана Ололовска

Климатолозите тврдат дека летниот мраз на Арктикот ќе исчезне до 2050 година

Ана Ололовска

Нов извештај на СМО: Температурите во Европа растат двојно побрзо од остатокот од светот

Ана Ололовска