Британскиот премиер Џонсон ги осуди манифестациите на расизам на натпреварот Унгарија – Англија

Од:

Британскиот премиер Борис Џонсон, ги осуди манифестациите на расизам на вчерашниот квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2022 меѓу Унгарија и Англија (0:4).

– Неприфатливо е играчите на Англија да бидат расно навредени вчера за време на натпреварот во Унгарија. Барам од ФИФА да преземе акција за да се ослободиме од ова срамно однесување, напиша Џонсон на Твитер.

За време на натпреварот, цел на унгарските навивачи беа Џуд Белингем и Рахим Стерлинг. Средбата се одржа во Будимпешта на „Арена Пушкаш“.

За потсетување, во јули УЕФА ја казни унгарската репрезентација за однесувањето на навивачите за време на Еуро 2020 со два натпревари без гледачи со пробен период од две години.

Би можело да ве интересира

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“

Борусија најмногу се радува на испаѓањето на Лајпциг

Предраг Петровиќ

Дани Алвеш е осуден на 4,5 години затвор

Предраг Петровиќ