Британскиот парламент истражува со кои пари Борис Џонсон си го реновирал станот

Од:

Независно надзорно тело на британскиот Парламент го истражува премиерот Борис Џонсон за патувања во странство и начинот на кој тој им го претставил тоа на парламентарните власти.

Парламентарниот комесар за стандарди рече дека се испитува дали Џонсон го прекршил кодексот на однесување кон членовите на Парламентот.

Тоа ја интензивираше истрагата за финансиите на Џонсон, бидејќи властите веќе разгледуваат како е финансирано реновирањето на станот.

Тој рече дека парите за реновирање ги обезбедил Дејвид Рос, коосновач на трговскиот ланец Карфон Верхаус.

Џонсон во Парламентот во февруари 2020 година изјави дека отпатувал на Карибите на одмор со неговата партнерка Кери Симондс, од 26 декември 2019 година до 5 јануари 2020 година.

Опозициските лабуристи бараат да го објасни овој аранжман.

Доколку биде прогласен за виновен за кршење на правилата, Џонсон би можел да биде принуден да се извини или привремено да биде суспендиран, па дури и протеран од Парламентот.

Случаите на протерување од британскиот Парламент се исклучително ретки.

Би можело да ве интересира

Независна комисија за климатски промени: Британија не е подготвена за климатските закани

Ана Ололовска

„Рајанер“ ќе ја тужи Велика Британија за рестриктивните мерки за патувања

Ана Ололовска

Во Британија стравуваат поради најавеното зголемување на даноците

Ана Ололовска

Раб: Сакаме подобри односи со Москва, но ќе ја натераме да плати за злонамерното однесување

Џонсон: Растот на бројката на заразени со Ковид-19 предизвикува сериозна, сериозна загриженост

Ана Ололовска

Џонсон ги повика Европејците на „прагматизам и компромис“

Ана Ололовска