Британскиот Парламент го одложи гласањето за договорот за брегзит

Од:

Британскиот Парламент денеска одлучи да го одложи изјаснувањето за новиот договор за брегзит, што беше постигнат помеѓу Лондон и Брисел.

За одлуката за пролонгирање на гласањето се изјаснија 322 пратеници, додека 306 беа против.

Таквата одлука би можела да го принуди премиерот Борис Џонсон да побара ново пролонгирање на датумот за излегување на Велика Британија од Европска Унија.

Пратениците кои гласаа за одложување наведоа дека така ќе имаат повеќе време за дебата за договорот, за да не ризикуваат брегзит без договор.

Џонсон изјави дека не сака да преговара со Брисел за ново пролонгирање на Брегзит.

Би можело да ве интересира

Околу 500.000 граѓани на ЕУ ќе мораат да ги обноват документите за да останат во Велика Британија

На британските дипломати им забранија да го користат зборот „брегзит“

Ана Ололовска

Ле Пен: Брегзит е застрашувачки неуспех за ЕУ

Ана Ололовска

Англискиот останува официјален јазик на ЕУ институциите и покрај Брегзит

Ана Ололовска

Започнува втората и најсуштинската фаза на преговорите за брегзит – идното партнерство

Ана Ололовска

ЕУ отвора дипломатско претставништво во Лондон