Британскиот министер за внатрешни работи потпиша одлука за екстрадиција на Асанж во САД

Од:

Британскиот министер за внатрешни работи Саџид Џавид соопшти дека потпишал одлука за екстрадиција на Џулијан Асанж со САД, со што се отвара пат основачот на Викиликс да им биде предаден на Американците кои го теретат за шпионажа и хакирање.

– Тој со право е зад решетки. Од САД имаме барање за екстрадиција кое утре ќе биде пред суд, а вчера го потпишав и ја потврдив одлуката за екстрадирање која ќе биде пред судот, изјави Џавид.

„Вашингтон пост“ завчера информира дека Министерството за правда на САД на 6 јуни официјално побарало екстрадиција на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, од Велика Британија.

Основачот на Викиликс беше уапсен на 11 април во Амбасадата на Еквадор во Лондон каде престојуваше седум години за да избегне апсење под обвинение за силување во Шведска.

Австралиецот, на возраст од 47 години, исто така беше уапсен во врска со барањето за екстрадиција во САД. Вашингтон го дефинира како закана за националната безбедност и сака да го изведе пред суд. На крајот на мај, американските власти покренаа уште 17 обвиненија против Џулијан Асанж.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори