Британскиот конзорциум престанува со производство по испорака на 13.000 респиратори

Од:

Британскиот конзорциум кој со основа група на воздухопловни, автомобилски и инженерски компании, со цел производство на респиратори за здравствената служба на земјата, соопшти дека завршува со производството откако испорача повеќе од 13,000 уреди.

Вентилатор Челинџ УК (VentilatorChallengeUK) соопшти дека неговото производство повеќе од двојно ги зголемило залихите со респиратори достапни за употреба на Националната здравствена служба (NHS).

Конзорциумот, кој беше основан на непрофитна основа со помош на компании како што се Форд, Мекларен, Ролс-Ројс и Ербас, соопшти дека во мај го зголемил производството во случај на втор бран на зараза.

Но, претседателот на VentilatorChallengeUK, Дик Елси, рече дека НХС е добро обезбедена за иднина.

– Помогнавме да се обезбеди НХС секогаш да има пристап до потребниот број респиратори и задоволни сме што придонесовме за создавање отпорни залихи во случај на потреба за респиратори во иднина, рече тој.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он