Британски судија бара поддржувачите на Асанж да платат казна

Од:

Британскиот судија Хауард Ридл денеска побара приврзаниците на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж да платат казна од над илјада фунти, колку што ветија дека ќе дадат за неговата кауција, бидејќи тој ги прекршил условите за пуштање на слобода.

Судијата Ридл побара деветмина поддржувачи на Асанж, кои ветија дека ќе платат кауција за него, до 6 ноември, да платат казна од 93.500 фунти. Приврзаниците на Асанж тврдат дека не треба да бидат казнети за тоа бидејќи тој побарал азил.

Асанж го прекрши условот – секој ден да се јавува во полициската станица на 19 јуни, кога побара азил во Амбасадата на Еквадор во Лондон. Тој се уште е таму обидувајќи се да ја избегне екстрадицијата во Шведска, каде е обвинет за силување.

Асанж стравува дека Шведска ќе го испорача во САД, каде ќе му се суди за објавување на државни тајни.

Би можело да ве интересира

САД му дадоа гаранции на британскиот суд за Џулијан Асанж

Бајден: Размислуваме да се откажеме од гонењето на Џулијан Асанж

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА