Британски суд одобри екстрадиција на Асанж

Од:

Британски суд денеска официјално ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс Џулијан Асанж во САД, каде тој е обвинет за шпионажа, а конечната одлука ќе ја донесе извршната власт во Лондон.

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател треба да ја донесе конечната одлука за испорачувањето на Асаж во САД, кој има и право на жалба.

Минатиот месец британскиот Врховен суд не му дозволи на Асанж да поднесе жалба на пресудата од понискиот суд, со која се отвори можност тој да биде екстрадиран.

Асанж со години се обидува да избегне судење во САД, каде што е обвинет за објавување голем број доверливи документи пред повеќе од една деценија.

Неговите адвокати имаат рок од четири недели да му претстават своите аргументи пред министерката Пател, а можат да побараат и поднесување жалба до повисока судска инстанца.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

ВИДЕО: Џулијан Асанж доби право на жалба на екстрадицијата во САД

Катерина Ѓуровски

Асанж би можел да избегне екстрадиција

Сноуден: Не можете да го спасите Навални, но сепак можете да го спасите Асанж

Предраг Петровиќ

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА