Британски пилот излезе од болница по 243 дена лекување од ковид-19

Од:

Со воодушевување и радост, Николас Синот замавна со рацете во воздух и ги гушна докторите и медицинскиот персонал, откако беше отпуштен од болницата во Тексас, каде беше лекуван од инфекција со коронавирусот цели 243 дена.

Британскиот пилот работи за „Бритиш Ервејс“, а му се слошило откако пристигнал во Хјустон во март минатата година.

59-годишниот пилот бил хоспитализиран во Меморијал Херман болницата, каде што бил поставен на респиратор. Тој таму се лекувал цели 8 месеци, а неговата 54-годишна сопруга секој ден била покрај него.

„Секој орган од неговото тело беше зафатен од Ковид-19. Но, сепак, бидејќи неговото здравје било одлично пред болеста, тој успеа да преживее нешто сериозно како ова”, изјави кардиологот д-р Бишваџит Кар за американските медиуми.

„Не обзеде огромна радост тоа што некој што беше толку многу болен, сепак успеа да се избори“.

Синот бил отпуштен од болница пред Божиќ и сега е во неговиот дом во Бечворт.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски