Британски научници смислија инхалатор против коронавирус

Од:

Истражувачи од британскиот универзитет во Саутемптон смислија нов инхалатор кој треба да им помогне на луѓето заразени со коронавирус да се изборат со него во раните фази на болеста.

Инхалаторот користи експериментален лек кој содржи интерферон бета, протеин што човечкото тело го произведува секогаш кога доаѓа вирусна инфекција, пренесува лондонски „Сан“.

Интерферон бета, кој го зајакнува имунолошкиот систем, веќе се користи за лекување на мултиплекс склероза, а за време на студија во Хонг Конг, во комбинација со други лекови, се покажа можност за ублажување на симптомите на Ковид-19.

Кога овој лек се вдишува, директно стигнува до белите дробови, каде помага против дејството на коронавирусот, поради што научниците се надеваат дека треба да го спречи развојот на болеста до фатален исход.

Тестирањето на инхалаторите во домашни услови започна денеска, а наскоро ќе заврши и тестирањето во кое учествуваат 100 болнички пациенти.

Доколку овие испитувања се успешни, британската фармацевтска компанија „Синерџен“ оваа година ќе произведе милиони дози од овој лек, пренесува „Сан“.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он