Британски медиуми предвидуваат дека Тереза Меј ќе биде отстранета од премиерската функција после понеделник

Од:

Тереза Меј веројатно ќе биде отстранета од премиерската функција по изборите за Европскиот парламент, тврди член од нејзиниот кабинет, разочаран што повторно ќе го стави на гласање истиот договор за Брегзит.

Таквите информации објавија „Гардијан“, „Меил он сандеј“, „Дејли меил“ и други. И Би би си се повикува на свои извори кои тврдат дека Меј нема да остане на функцијата после понеделник.

Премиерката им се обрати на пратениците, барајќи да го одобрат законот за Брегзит, но повторно се судри со опозицијата и со членовите на сопствената партија. Таа дури и вети втор референдум (но само за договорот), но тоа не ги убеди пратениците. Голем дел од пратениците од нејзината партија ја напуштила салата за време на нејзиниот говор.

– Велика Британија ќе поднесе предлог-закон за напуштање на ЕУ в петок, изјави пред пратениците премиерката Тереза Меј.

Нацрт законот за напуштање на ЕУ мора да биде одобрен од Парламентот пред да стапи во сила договорот за излез усогласен со Брисел. Предложените законски мерки беа критикувани и покрај обидите на Меј да ги направи привлечни за повеќето пратеници и да се надмине поделеноста во парламентот за поволен начин да се повлечат од ЕУ.

Лидерот на Лабуристичката партија во Велика Британија побара предвремени избори за време на дебата за Брегзит во Парламентот. Џереми Корбин ја повика владата да ги заштити работните места и според него, приоритет на Кабинетот е трговски договор со САД.

За прашањето за органзиирање втор референдум тој ја праша премиерката Тереза Меј дали ќе им дозволи на нејзините пратеници слободно да гласаат. Корбин вели дека новиот предлог на Меј не вклучува промени во однос на царинската унија, заштитата на животната средина и правата на работниците.

Од своја страна, Меј рече дека пратениците треба да донесат решенија, а не да ги отфрлаат. Таа призна дека наскоро ќе биде сменета со друг премиер.

– Повеќето пратеници велат дека сакаат да ги спроведат во дело резултатите од референдумот. Верувам дека ова е последна шанса за тоа, рече премиерката во парламентот.

Таа уште еднаш ги повика членовите на Парламентот да го поддржат нејзиниот „нов план”. Ако планот добие поддршка, пратениците ќе гласаат за тоа дали да одржат нов референдум.

Пратениците веќе ги отфрлија нејзините предлози за Брегзит трипати досега. Ако пратениците го отфрлат овој предлог, може да се запре Брегзит, предупреди Меј.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ