Британски лидери: Нацијата се соочува со вонредна здравствена состојба

Од:

Од британската Национална здравствена служба (НЗС) апелираа до Владата да преземе акција околу растечките цени на енергијата, додека Велика Британија се соочува со „вонредна здравствена состојба“.

Конфедерацијата на НЗС денеска испрати писмо до министрите, предупредувајќи дека растечките трошоци значат оти луѓето ќе треба да изберат меѓу прескокнување оброци за да ги затоплат своите домови или зимава да живеат во студени или влажни услови.

Од НЗС тврдат дека се загрижени оти широко распространетата сиромаштија со горивото ќе го зголеми високиот број на годишни смртни случаи поврзани со студени домови, проценувајќи на 10.000, како и оти се додава притисок, на веќе преоптоварениот здравствен систем.

– Земјата се соочува со хуманитарна криза. Многу луѓе може да се соочат со грозниот избор меѓу прескокнување оброци за да ги затоплат своите домови или да треба да живеат во ладни, влажни и доста непријатни услови. Ова, за возврат може да доведе до појава на болести, да ги влоши животните шанси на децата, како и да остави незаборавна лузна на локалните заедници, изјави извршниот директор на конфедерацијата на НЗС, Метју Тејлор.

Според Тејлор, овие болести може да наидат „токму кога НЗС веројатно ќе ја искуси најтешката зима досега“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он