Британската Влада планира 10 милиони тестови за коронавирус секој ден

Од:

Британското медицинско списание BMJ објави дека Владата на Велика Британија работи на планови за зголемување на бројот на тестови за коронавирус на ниво кое е незамисливо, односно дека планира да спроведе 10 милиони тестови секој ден до почетокот на следната година, како дел од големото проширување на националната програма за тестирање.

Цитирајќи официјални документи, медицинското списание објави дека Владата е подготвена да потроши околу 130 милијарди фунти за да го плати масовното тестирање со цел „поддршка на економската активност и враќање во нормален живот“.

Меморандумот што списанието го доби на увид, за таканаречената „Операција Месечина“, е испратен до премиерката на Шкотска, Никола Старџен и нејзините министри и предвидува дека спроведувањето на тој план ќе чини „повеќе од 100 милијарди фунти “.

Ако овој план се спроведе, тоа ќе значи дека целото население на Велика Британија може да се тестира секоја недела.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он