Британската влада ја одобри екстрадицијата на Асанж во САД

Од:

Британската министерка за внатрешни работи Прити Пател денеска ја одобри екстрадицијата на основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во САД, каде што ќе се соочи со обвинение за шпионажа.

Британското Министерство за внатрешни работи во соопштение наведува дека Асанж има 14 дена да поднесе жалба на оваа одлука.
Тој може да поднесе жалба до Високиот суд во Лондон, кој мора да одобри продолжување на жалбената постапка.

На крајот треба да се жали до Врховниот суд на Велика Британија, но доколку жалбата биде одбиена, тој мора да биде екстрадиран во рок од 28 дена.

Соединетите Американски Држави го обвинуваат Асанж за 18 точки од обвинението, вклучително и шпионирање и хакирање државни компјутери, како и објавување стотици илјади доверливи документи, кои, како што тврдат, ги загрозиле човечките животи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Сопругата на Асанж: Џулијан е политички затвореник, Бајден да се откаже од случајот

Асанж би можел да избегне екстрадиција

САД: Бараме екстрадиција на Асанж поради откривање извори

Адвокатите на Асанж: Политички мотивиран случај, имаме докази за заговор на ЦИА

Сопругата на Џулијан Асанж за можна екстрадиција во САД: Се работи за живот и смрт

Неапол го прогласи Асанж за почесен граѓанин