Британската Влада до 2025 година ќе ја отстрани опремата на Хуавеј

Од:

Се очекува британската Влада до 2025 година да ја отстрани опремата на кинеската компанија Хуавеј од националната 5Г телекомуникациска мрежа, објави лондонскиот весник „Телеграф“.

Весникот наведува дека британскиот министер за култура Оливер Доуден најави дека на 14 јули пред Парламентот ќе даде изјава за Хуавеј.

„Телеграф“ истакна дека и министрите во Владата на премиерот Борис Џонсон бараат опремата на кинеската компанија да биде отстранета од британскиот телекомуникациски систем.

Амбасадорот на Кина во Лондон, Лиј Џиаоминг минатата недела предупреди дека отстранувањето на опремата на Хуавеј ќе испрати „лоша порака до кинеските бизнисмени“.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца