Британската кралица ја започна посетата на Германија

Од:

Кралицата Елизабета втора (89) и нејзиниот сопруг Филип (94) во Германија ќе престојуваат четири дена и за време на државната посета ќе се сретнат со канцеларката Ангела Меркел и претседателот Јоаким Гаук.

Кралската двојка беше пречекана на свечена церемонија во Белви Палас, официјалната резиденција на германскиот претседател каде оркестар ја изведе песната „Господе чувај ја кралицата“ и германската химна а беше поздравена и од почесна гарда. Во текот на денот кралицата ќе положи цвеќе на споменикот на жртвите на војната.

На првиот ден од посетата двојката ќе присуствува и на предавање во Берлинскиот уноверзитет за технологија а за време на вечерта на државниот прием во Берлин ќе им се придружи и британскиот премиер Дејвид Камерон. За време на престојот во Германија кралскиот пар ќе го посети и концентрациониот логор Берген – Белсен кој што беше ослободен од британската армија пред 70 години. Покрај другите официјални настани британскиот монарх ќе оди на крстарење по реката Шпре во Берлин а ќе се сретне и со граѓаните на германскиот главен град.

Последната посета на кралицата Елизабета втора на Германија се случила пред 11 години во ноември 2004 година. Предходно кралицата која што владее веќе 60 години во три наврати ја посетила Германија почнувајќи од 1965 година.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани