Британка на возраст од 104 години ќе оди во затвор поради љубопитство

Од:

Во Велика Британија 104-годишна жена од старски дом побара да биде во затвор, објави весникот Бристол пост.

– Јас сум на возраст од 104 години и секогаш сум била на страна на законот, ама сега сакам да бидам на темната страна, нагласува Ен Броуканброу во својата листа на желби.

Домот за стари и изнемоштени лица Stokeleigh Care Home во Бристол во кој живее пензионерката одлучил да им исполни желби на станарите. Тие на лист хартија запишале какви желби сакаат да им се исполнат. Потоа тие барања биле поставени на трговски центри, каде очекуваат на видни места да ги забележат и да им бидат исполнети на пензионерите.

Од полицијата реагираа „радосно“ кога го видоа барањето на пензионерката и ветија дека на 20 март ќе ја приведат взорасната жена и со тоа – ќе и ја исполнат желбата, наведува весникот.

Во списокот на нестандардни желби имало – возење со Ролс Ројс, посета на мотоклуб, масажа и прегратка со пудлица.

Би можело да ве интересира

Лондон побара одложување на рокот за Брегзит до 31 јануари 2020 година

Британските пратеници одбија да го донесат законот за Брегзит во краток рок

Корбин: Лабуристите нема да го поддржат договорот на Џонсон за Брегзит

Џонсон се закани со општи избори и повлекување на законот за Брегзит

Џонсон со апел до пратениците да го прифатат договорот за Брегзит

Ана Ололовска

Претседателот на британскиот Парламент одби гласање за договорот за Брегзит