Британија: Трипати повеќе починати од вчера, најмногу смртни случаи од Ковид-19 во последните шест месеци

Од:

Во Велика Британија денеска се регистрирани 608 смртни случаи од Ковид-19, што е најголем број на починати од мај, соопштија локалните власти.

Обединетото Кралство исто така денеска регистрира 11.299 нови случаи на заразени со новиот коронавирус, што е голем пад во споредба со претходните денови, кога Британците дневно имаа просечно 25.000 пациенти, а еден ден имаа над 33.000.

Сепак, денешните бројки се загрижувачки, бидејќи вчера во земјата имаше 203 смртни случаи, а денеска 608.

Најцрниот ден во Велика Британија беше на 21 април, кога починаа 1.116 лица.

Велика Британија досега евидентирала 1,538 милиони случаи на коронавирус, а починале 55.838 лица.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он