Британија сo тешкотии во спроведувањето на тестови за Ковид-19 поради недостиг на лабораториски капацитети

Од:

Британскиот министер за здравство, Едвард Аргар, предупреди денеска за тешкотиите при спроведување на тестови за Ковид-19 во Велика Британија и повика на почитување на мерките со цел да се избегне ново затворање на државата.

– Велика Британија се соочува со тешкотии во спроведувањето на тестови за Ковид-19 поради недостиг на лабораториски капацитети, истакна Аргар.

– Капацитетот на лабораторијата е еден од предизвиците за значително зголемување на тој капацитет, изјави Аргар за Скај њуз.

Според него, Велика Британија може да избегне понатамошни локални ограничувања и ново национално заклучување со придржување кон правилата како што се состаноци во групи до шест лица.

– Пораката е многу јасна ако се држиме до тоа (правило шест), ако се држиме до упатствата за рацете, лицето и далечината, можеме да избегнеме понатамошни локални ограничувања, можеме да избегнеме понатамошни национални ограничувања, изјави Аргар.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он