Британија: Руските жртви се намалени за 30 отсто

Од:

Министерството за одбрана на Велика Британија во своето секојдневно ажурирање за војната во Украина тврди дека просечната дневна стапка на руски жртви „многу веројатно е намалена за околу 30 отсто“. Генералштабот на украинските вооружени сили вели дека просечниот дневен број на руски жртви е намален за 208. Тоа е намалено од просечните 776 дневни руски жртви во март на 568 досега во април.

„Одбранбената разузнавачка служба не може да ја потврди точната методологија на Украина, но генералниот тренд е веројатно точен“, нагласуваат Британците. Министерството за одбрана го објасни намалувањето на руските загуби со нивно пренасочување на „подготовките за очекуваната украинска офанзивна операција“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов руски напад на Харков, убиено 13-годишно момче

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Русија издаде налог за апсење на шефот на украинската служба за безбедност поради тероризам

Кремљ: Мировни преговори за Украина без учество на Русија се апсурдни

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

Рускиот амбасадор не одговорил на повикот на Полска: Прво понудете докази

Предраг Петровиќ