Британија: Русите на фронт испраќаат тенкови од минатиот век

Од:

Во утринскиот извештај за ситуацијата на боиштето, британското Министерство за одбрана пишува дека Русите на бојното поле испраќаат тенкови од педесеттите години на 20 век.

„Руската војска одговори на загубите на тешки оклопни возила со распоредување на 60-годишни борбени тенкови Т-62“, пишуваат Британците.

Згора на тоа, продолжуваат Британците, постои реална можност 1-та гардиска тенковска армија, наводно руската ударна тенковска сила, исто така да ги добие овие тенкови за да ги прикрие загубите. Имено, за 1-та гардиска тенковска армија беше кажано дека треба да се засили со тенкови од новата генерација од 2021 година, Т-14 Армата.

„Последниве денови се идентификувани руски оклопни транспортери БТР-50, кои првпат беа испорачани во 1954 година, а сега првпат беа распоредени во Украина“, пишуваат Британците.

Од летото 2022 година, приближно 800 Т-62 се извадени од складиштето, а некои добија надградени системи за набљудување кои веројатно ќе ја подобрат нивната ефикасност ноќе, додаваат Британците.

Но, очигледно, овие тенкови се крајно ранливи и застарени и крајно небезбедни бидејќи нивниот оклоп не е прилагоден на модерното оружје.

Руските резервисти најверојатно ќе користат „лопати“ за борби од рака во Украина поради недостиг на муниција, соопшти британското Министерство за одбрана, а пренесе Би-би-си.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 300 животни се удавија во поплавена зоолошка градина по уништувањето на браната во Украина

Украинска армија: Знаеме зошто Русите ја разнесоа браната, тоа е хистерична реакција

По уништувањето на браната, нивото на водата во Нова Каховка порасна за повеќе од 10 метри

Русија: Го гранатираат нашиот регион што се граничи со Украина

(ВИДЕО) Украина: 16.000 луѓе во „критичната зона“ по уништувањето на браната

(ВИДЕО) Снимка од Херсон, градот веќе е под вода: Вистинската драма се очекува за два часа, луѓето се евакуираат

Горан Наумовски