Британија: Русите изгубија многу оклопни возила во борбите околу Авдивка

Од:

Британското Министерство за одбрана во последното соопштение тврди дека Москва ги продолжува обидите да ја заземе Авдивка во областа Доnецк. Британците наведуваат дека Русите постигнале само „маргинален напредок“ во борбите и оти напредокот дошол по „цена на големи загуби во оклопни возила“.

Тие посочија дека руските загуби најверојатно се должат на „тактички неисправни фронтални напади слични на оние во другите неодамнешни неуспешни руски оклопни напади, како што е околу градот Вуледар“.

„Рускиот 10-ти тенковски полк веројатно изгуби голем дел од своите тенкови додека се обидуваше да ја опколи Авдивка од југ“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ