Британија размислува воведување карантин и за други земји

Од:

Британската Влада внимателно ја следи ситуацијата во Германија и Франција во врска со коронавирусот, посебно во популарните туристички дестинации, изјави денеска заменик министерката за здравство Хелен Вотли, откако за патниците кои се враќаат од Шпанија од саботата е воведен задолжителен 14-дневен карантин.

На прашањето дали Германија и Франција би можеле да се најдат на листата на земји за кои е пропишан карантин, таа истакна дека ситуацијата постојано се разгледува и тоа јавноста го очекува.

– Ако оцениме дека се зголемува стапката на зараза во земјата за која моментно не е потребен карантин, ќе мора да преземеме мерки, бидејќи не можеме да ризикуваме инфекцијата повторно да се прошири во Велика Британија, нагласи Вотли.

Би можело да ве интересира

Претседателот на Европскиот совет во карантин

Ана Ололовска

204 нови случаи на коронавирус во Хрватска

Ана Ололовска

Јапонската компанија Фуџифилм има лек со кој се крати лекувањето од Ковид-19

Ана Ололовска

Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители

Ана Ололовска

Во САД од Ковид-19 веќе умреа 200.000 лица, Трамп: Штета што тоа се случи

Ана Ололовска

Најтешкиот ден од пандемијата во Црна Гора: осуммина починати, 40 отсто од тестираните позитивни

А1он