Британија: Обидот на Русија да го уништи украинскиот енергетски систем веројатно пропадна

Од:

Британското Министерство за одбрана во дневниот извештај за ситуацијата во Украина наведува дека обидот на Русија сериозно да го загрози украинскиот енергетски систем во текот на зимата најверојатно пропаднал. Русија спроведува напади со долг дострел од октомври 2022 година, но нападите од големи размери станаа ретки од почетокот на март.

Нападите од мали размери продолжуваат, но тие не треба да имаат големо влијание врз енергетскиот систем на Украина бидејќи компаниите што управуваат со мрежата успеваат да набават заменски трансформатори и други важни компоненти, според Министерството.

Транспортот и инсталирањето на овие компоненти е голем логистички предизвик, особено високонапонските трансформатори кои тежат најмалку 100 тони. Енергетската ситуација во Украина најверојатно ќе се подобри со доаѓањето на потопло време. Од Министерството претпоставуваат дека веќе се започнати плановите и подготовките за следната зима.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ