Британија не прима патници од Индија поради коронавирусот

Од:

Британската Влада забрани влез за патници од Индија во Велика Британија, освен за британски државјани кои по пристигнувањето ќе мораат да заминат во карантин на свој трошок, поради влошената состојба со пандемијата на Ковид-19 во таа земја.

– Донесовме тешка, но витална одлука да ја ставиме Индија на црвената листа, изјави денеска британскиот министер за здравство Мет Ханкок пред пратениците во Долниот дом на Парламентот.

Со таа одлука се обврзува секој Британец или лице со постојан престој во Британија по влезот во земјата да замине во 10-дневен карантин во хотел на свој трошок.

Министерот истакна дека 103 случаи на индиската мутација на вирусот се регистрирани во Велика Британија, а повеќето од нив имаат врска со меѓународните патувања и забележани се на тестирањата на границата.

Ханкок нагласи дека примероците се анализирани за да се утврди дали новата мутација има загрижувачки карактеристики, како што е резистентноста на вакцините.

Тој изјави дека по проучувањето на податоците е донесена одлука од претпазливост за забрана на патувањата од петок.

Поради влошената епидемиолошка ситуација во Индија, британскиот премиер Борис Џонсон го откажа патувањето во таа земја, предвидено за крајот на овој месец.

Би можело да ве интересира

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Засега тројца уапсени за брутално силување на шпанската блогерка Фернандa

(ВИДЕО) Шпански блогерски пар нападнат во Индија: Ме силуваа седуммина

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Товарен воз во Индија помина 70 киломентри без машиновозач

(ВИДЕО) Тешка несреќа во Индија: Трактор полн со луѓе падна во езеро, најмалку 23 мртви, меѓу нив и деца