Британија: Напредокот на Русија е минимален во последните денови

Од:

Руската инвазија на Украина е главно запрена на сите фронтови, соопшти денеска британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на најнови разузнавачки информации.

Во соопштението се наведува дека руските сили, изминатите денови, претрпеле големи загуби и оствариле минимален напредок на копно, море или на воздух, јавија британски медиуми.

„Украинскиот отпор останува силен и добро координиран. Голем дел од украинската територија, вклучувајќи ги сите поголеми градови, останува во рацете на Украина“, се додава во соопштението на британското Министерство.

Би можело да ве интересира

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков

Русија ја предупредува Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

САД испраќа огромен пакет воена помош за Украина

Русите ја презедоа контролата врз селото Богдановка

Предраг Петровиќ