Британија ќе ги олабави мерките за Божиќ, луѓе од три домаќинства ќе може да слават заедно

Од:

Четирите нации кои се дел од Обединетото Кралство – Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, денеска се договорија да ги намалат рестриктивните мерки за Божиќ, односно да дозволат лица од три домаќинства да бидат на едно место пет дена.

Лица од три домаќинства можат да бидат собрани во еден дом, верски храм или на отворено, но не во болниците или на местата за забава, во периодот од 23 до 27 декември.

– Луѓето сакаат да бидат со најмилите и со пријателите за време на најважниот празник во годината, изјави канцеларот на Војводството Ланкастер и еден од министрите во Владата, Мајкл Гоув.

Карантинот во Англија ќе заврши на 2 декември, откако локалните власти на кој начин ќе се заштитат од новиот коронавирус.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он