Британија е втора земја во светот со повеќе од 40.000 смртни случаи од коронавирус

Од:

Велика Британија стана втора земја во светот по број на починати од коронавирусот со 40.261 смртни случаи, откако здравствените власти денеска соопштија за уште 357 смртни случаи.

Според британскиот весник „Гардијан“, се верува дека вистинскиот број на смртни случаи од Ковид-19 е уште поголем затоа што во податоците спаѓаат само оние кои се тестирани на вирусот.

Според Министерството за здравство, регистрирани се уште 1.650 новозаразени, со што вкупниот број на случаи на коронавирус во Велика Британија изнесува 283.311.

Водечките британски лекари и научници го повикаа премиерот Борис Џонсон денеска да нареди подготовки на Велика Британија за вториот бран на коронавирусот оваа зима, предупредувајќи дека многу повеќе луѓе ќе умрат ако земјата не го подобри својот одговор на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Морничав случај во Велика Британија: Пет лица прикриле смрт и погреб на бебе

А1он

Британски специјалци под истрага за воени злосторства во Сирија

Катерина Ѓуровски

Во Велика Британија: Уапсена е жена осомничена за убиство на десетгодишно девојче

Велика Британија влезе во рецесија

САД и Велика Британија повторно ги нападнаа Хутите: „Погодивме осум цели“

Последното предупредување – ерата на мирот заврши, подгответе се за војна, веќе се распоредени 20.000 војници