Британија: Асад бомбардираше област во Сирија контролирана од опозицијата веднаш по земјотресот

Од:

Британската влада тврди дека сириската влада бомбардирала област во земјата што ја контролира опозицијата, веднаш по земјотресот.

Претседателот Башар ал Асад започна „навистина дрзок и грозоморен напад“ врз Мареа, град во северозападна Сирија погоден од земјотрес, изјави пратеничката Алиша Кернс, која претседаваше со Комитетот за надворешни работи.

Секретарот за надворешни работи Џејмс Кверли го критикуваше режимот на Асад за целосно неприфатливото бомбардирање.

„Кернс е апсолутно во право кога го истакнува целосно неприфатливото бомбардирање на областа непосредно по оваа природна катастрофа. За жал, тоа зборува за долгорочен модел на однесување на режимот на Асад, режим што го осудуваме, што го санкциониравме и ќе продолжиме да го санкционираме, работејќи со нашите меѓународни пријатели и партнери, за да се обидеме да спречиме вакво однесување да се повтори“, рече тој.

Голем дел од Сирија е уништен од повеќегодишна граѓанска војна и оспорена контрола на териториите во близина на границата со Турција.

Би можело да ве интересира

Асад: Русија се бори против неонацистите и старите нацисти поддржани од Западот

Ана Ололовска

ВИДЕО: Израелците истрелаа проектил кон главниот град на Сирија, 15 загинати

Ана Ололовска

Најмалку 11 загинати, повеќето цивили, во нападот во Сирија кој се припишува на терористичката ИД

Над пет милиони Сиријци останаа без покрив над главата по земјотресот

Во Сирија, по земјотресот, од затвор побегнаа 20-ина осомничени џихадисти

Горан Наумовски

Седум загинати во Сирија во авионски напад врз камиони кои превезувале оружје

А1он