Британците на масовен штрајк: Лекарите, машиновозачите, наставниците, новинарите се на улица…

Од:

Наставниците, машиновозачите и државните службеници им се придружија на лекарите во масовниот штрајк денеска, откако министерот за финансии го објави предлог-буџетот. Со стотици илјади луѓе кои излегоа на улиците, се очекува тоа да биде најголемата еднодневна индустриска акција од почетокот на незадоволството кое почна минатата година.

Од медицински сестри до адвокати, работниците погодени од зголемената инфлација штрајкуваат низ целата земја против владата која тврди дека зголемувањето на платите е неодржливо и само ќе ја зголеми инфлацијата. Покрај платите, за кои велат дека не се во чекор со растот на трошоците за живот, работниците штрајкуваат и поради условите за работа, безбедноста на работата и пензиите.

Меѓу другите, на улица излегоа универзитетски професори и новинари на Би-Би-Си. Поради штрајк на машиновозачите, во прекин е сообраќајот на метрото во Лондон.

„Лекарите штрајкуваат, машиновозачите штрајкуваат, наставниците штрајкуваат. За прв пат по години, анкетите покажуваат дека луѓето силно ги поддржуваат нашите постапки“, рече Марк Сервотка, шеф на синдикатот за јавни служби.

Додека министерот за финансии го презентираше предлог-буџетот во парламентот, стотици луѓе поминаа пред кабинетот на премиерот во Даунинг стрит извикувајќи „Што бараме? Десет проценти. Кога? Сега!“. Лекарите штрајкуваат од понеделник, жалејќи се дека некои од нив се помалку платени од келнерите. Лекарската комора соопшти дека платите на лекарите од 2008 година паднале за 26 отсто.

Би можело да ве интересира

Британците повеќе не ја сметаат Германија за сигурен сојузник

Велика Британија: Полицијата нуди 23.000 евра за помош за апсење на напаѓачот од Клепам

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Бурата Иша ја погоди Британија, откажани летови, илјадници домови без струја

Хорор во Англија: Пронајдени четири тела во куќа во Костеси

А1он

Ковачевски: Со законот за рестриктивни мерки ќе бидат опфатени наши ентитети, санкционирани од САД и Британија

А1он

Кое оружје го користеа САД и Велика Британија за да ги нападнат Хутите

А1он