Британците ќе добијат неработен ден за крунисувањето на Чарлс

Од:

Британците нема да раобтат во понедлени на 8.мај првиот работен ден по крунусувањето на Крало Чарлс Трети закажано за 6. мај следната година соопшти новиот премер Руши Сунак. Чарлс автоматски стана крал по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета во септември, но големата церемонија на крунисување за него и неговата сопруга Камила ќе се одржи следната година.

Крунисувањето на покојната кралица во 1953 година, исто така, беше причина за дополнителните слободни денови, а одобрувањето на еден ден во 2023 година ја следи таа традиција, соопшти кабинетот на премиерот, давајќи им време на семејствата и заедниците да уживаат во историскиот настан. „Крунисувањето на новиот монарх е единствен момент за нашата земја“, рече Сунак во изјавата во неделата.

„За да ја одбележам оваа историска прилика, среќен сум што можам да најавам дополнителен банковен одмор за цела ОК следната година.

Церемонијата ќе се одржи во лондонската Вестминстерска опатија, каде што кралевите и кралиците на Англија, а подоцна и на Британија и на Обединетото Кралство, беа крунисани од Вилијам Освојувачот во 1066 година.

Чарлс е 41-виот монарх во линијата што го следи неговото потекло од Вилијам, и тој ќе биде најстариот монарх некогаш крунисан. Оваа година, Британија имаше два дополнителни државни празници, едниот за да го прослави платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета во јуни, а другиот на денот на нејзиниот погреб во септември.

Би можело да ве интересира

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Голема промена во Бакингемската палата

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски

Британскиот крал е во болница

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски

Kралот пристигна во Вестминстерската опатија

Горан Наумовски