Брисел не ги признава резултатите од изборите во Белорусија: ЕУ е на страната на народот

Од:

Европска Унија не ги признава резултатите од претседателските избори во Белорусија, изјавија денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и германската канцеларка Ангела Меркел по вонредниот самит на ЕУ за Белорусија.

Мишел наведе и дека ЕУ „набрзо“ ќе воведе санкции кон „значитечен“ број претставници на белорускиот режим, кои учествувале во изборната кражба и насилството врз демонстрантите.

– ЕУ е на страната на народот на Белорусија, изјави Мишел по Самитот, додавајќи оти Унијата бара да бидат ослободени сите притворени демонстранти.

Претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајан на Твитер напиша дека Европски совет испратил „три силни пораки“.

– Ние ги поддржуваме Белорусите кои сакаат основни слободи и демократија; Ние ќе ги санкционираме сите одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати; Ние ќе поддржиме мирна демократска транзиција во Белорусија, напиша Лајан на Твитер.

Таа по завршувањето на Самитот изјави и дека ЕК ќе ги пренасочи 53 милиони евра предвидени за Владата на Белорусија кон невладините организации, жртвите на државната репресија и за помош во борбата против Ковид-19.

Во заклучоците од самитот во осум точки се наведува дека Европскиот совет со растечка загриженост, внимателно го следи развојот на настаните во Белорусија.

– Изборите од 9 август не беа ниту слободни ниту фер и поради тоа не ги признаваме резултатите, се наведува во декларацијата по ЕУ Самитот.

Исто така се наведува дека народот на Белорусија има право да одлучува за својата судбина, а Европскиот совет изразува јасна солидарност со Белорусите и нивната желба за основни демократски права.

ЕУ го осудува и „несразмерното и неприфатливо насилство“ врз учесниците во протестите и бара ослободување на сите приведени демонстранти. Унијата очекува и целосна и транспарентна истрага за пријавеното кршење на основните права.

Во документот се истакнува и дека ЕУ набрзо ќе воведе санкции „против значителен број поединци одговорни за насилството, репресијата и лажирањето на изборните резултати.

ЕУ во заклучоците укажува дека властите во Белорусија го загрозуваат реализираниот напредок во изминатите години во билатералните односи помеѓу Брисел и Минск и оти понатамошното вложување на ситуацијата ќе има негативни последици по односите на двете страни.

– Ги повикуваме белоруските власти да изнајдат начин за излез од кризата и да стават крај на насилството, на деескализација и на инклузивен национален дијалог. Само мирен и демократски процес поддржан од независни и слободни медиуми и силно цивилно општетство може да даде одржливи решенија. Сите страни, вклучително и трети држави треба да поддржат таков процес, се посочува во заклучоците.

ЕУ најави и дека ќе продолжи да ја следи ситуацијата и оти е подготвена да придонесе за мирно завршување на кризата и оти го поддржува и предлогот на ОБСЕ за дијалог во Белорусија.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ковачевски: ДПМНЕ на Мицкоски е истото ДПМНЕ на стиропор, насилници, криминалци, заплашени медиуми, на шепотење и страв

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: ЕУ е единствена шанса за вистински и суштински промени во Македонија

Орце Костов

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

Не постои законска можност Владата со заклучок да прогласува дополнителни неработни денови за да се гласа

Орце Костов