Брисел: На донаторска конференција собрани преку шест милијарди евра

Од:

На втората меѓународна донаторска конференција за борба против коронавирусот, свикана од претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаејн, беа собрани 6,15 милијарди евра од Европската унија, САД и други држави.

Европската комисија заедно со Европската инвестициска банка за борба против Ковид-19 ветија дека ќе дадат 4,9 милијарди евра, Германија 383 милиони евра, САД 545 милиони долари, Канада 219 милиони долари и Катар 10 милиони долари.

На самитот присуствуваа претставници на 40 влади.

Собраните пари ќе бидат искористени за тестирање на Ковид-19, третман, развој и производство на вакцина, како и за помош на најсиромашните заедници.

На конференцијата што се одржа во рамките на заедничката иницијатива на Европската комисија и организацијата „Глобален граѓанин“ се одржа и концерт за прибирање финансиски средства.

Бројни sвезди учествуваа на концертот, меѓу кои Мајли Сајрус, Џастин Бибер, Шакира, Ашер, а настанот телевизии го пренесуваа на глобално ниво.

Претседателката на ЕК, Фон дер Лаејн, рече дека е клучно значење секој кој му е потребна вакцина да може да се снабди со неа.

– Се обидувам да ги убедам најбогатите земји да резервираат вакцини не само за себе, туку и за земјите со ниски и средни приходи. Тоа е тест на солидарност, нагласи таа.

ЕУ се залага за глобална соработка во обидите да се стави пандемијата под контрола и сузбие, за разлика од САД и Кина, кои се фокусираат на националните иницијативи.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Европската Комисија ќе обезбеди општи рамковни услови за почеток на преговорите со Украина за пристапување во ЕУ

ЕУ за А1он: Измените на Законот за игри на среќа не упатуваат ниту на ограниченото европското законодавство

Александар Тодески