Брисел ја прекори Унгарија: Не може да ги затворате границите за сите странци

Од:

Европската унија ја предупреди Унгарија дека не може да ги затвори своите граници за сите странци и да им дозволи враќање само на своите граѓани, откако владата во Будимпешта денеска воведе нови, заострени мерки како одговор на, како што наведе, вториот бран од инфекции на коронавирусот во Европа.

Портпаролот на Европската комисија, Кристијан Виганд, рече дека не може да има дискриминација меѓу граѓаните на ЕУ кога станува збор за ограничувања на патувањата.

-Постојат јасни правила за слободно движење во Европската унија и секоја земја-членка треба да ги почитува, рече тој.

Унгарците кои се враќаат од странство сега ќе треба две недели да бидат во карантин, доколку не покажат два негативни теста.

Ѓерѓели Гуљаш, шеф на кабинет на унгарскиот премиер Виктор Орбан, денеска изјави дека странците не можат да влезат во земјата, освен во оправдани случаи. Тој не објасни детално кои се тие случаи.

Попладнето, унгарските власти соопштија дека сепак ќе биде дозволен влез во државата за патници од Полска, Чешка и Словачка, кои на влез во Унгарија ќе мораат да покажат негативен ПЦР тест не постар од пет дена.

Би можело да ве интересира

Терористите на ИСИЛ влегуваат во Европа преправајќи се дека се Украинци

(ВИДЕО) Страотна несреќа на рели во Унгарија: Најмалку четворица мртви

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Испливаа детали за скандалот кој ја принуди унгарската преседателка на оставка

Катерина Ѓуровски

По претседателката Новак, оставка поднесе и унгарска пратеничка

А1он

Сијарто: Унгарија не сака руски имот, тоа е наследство на комунизмот