Брегзит: При влез на Европејците во Обединетото кралство задолжителен е пасош

Од:

Од денеска личната карта веќе не важи за влез во Обединетото Кралство, која во иднина ќе бара од европските и швајцарските граѓани да ги покажат своите пасоши, што е една од последните последици од Брегзит.

Британското Министерство за внатрешни работи посочува дека оваа промена ќе овозможи „организираните криминални банди и други лица да бидат спречени да го злоупотребуваат системот“, бидејќи личните карти, како што вели, се „незаштитен“ документ.

Бројките на министерството покажуваат дека 48 проценти од фалсификуваните документи откриени на границата на Обединетото Кралство во 2020 година се европски и швајцарски лични карти.

„Овие документи полесно се фалсификуваат отколку пасошите“, додаде министерството, затоа што некои „немаат биометриски податоци“.

-Мораме да дејствуваме против криминалците кои сакаат илегално да влезат во нашата земја со фалсификувани документи, изјави министерката за внатрешни работи Прити Пател.

„Со престанокот да ги користиме незаштитените лични карти, ја зајакнуваме нашата граница и ја исполнуваме волјата на луѓето да ја преземат контролата врз нашиот имиграциски систем“, додаде таа.

Исклучок од ова задолжително покажување на пасошите се ирските државјани, од една страна, и европските и швајцарските државјани со привремен или постојан статус на британска територија, од друга страна, кои ќе можат да ја користат својата лична карта до 31 декември 2025 година.

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе предложи решение за спорот од Брегзит за Северна Ирска

Ана Ололовска

Анкета: Повеќето Британци разочарани од Брегзит

Брегзит може повторно да го потпали конфликтот во Северна Ирска

Ана Ололовска

Велика Британија соочена со нова политичка криза по најавата за можен нов референдум за независност на Шкотска

Старџен најави нов референдум за независност на Шкотска

Гувернер на француска Централна банка: Брегзит досега префрли 2.500 финансиски работни места во Франција

Ана Ололовска